Motherhood

Свекрви и снаи – вечното непријателство

Млад маж ја наоѓа жената на својот живот и ја моли да се омажи за него. Предлага на мајка си да се запознае со свршеницата. Истата вечер тој се појавува во домот на неговата мајка со три убави млади дами. Тие сите седнуваат на софата, разговараат и се запознаваат. На крајот од вечерата младиот маж ја прашува својата мајка: Добро мамо, дали забележа која од нив е жената со која сакам да се оженам? Без никакво двоумење мајката одговорила: Таа што седеше во средина. Младиот маш е збунет и поразен: Како погоди? Воопшто не ми се допадна!, одговорила таа.

Сите знаат вицови за свекрвите, има стотици такви. Но што ги тера жените да ги раскажуваат, да се смеат и во екстремни случаи да имаат желба да ја удушат својата свекрва? Причината е во тоа што шегите и вицовите за свекрвите се повеќе факт, отколку измислица.

Драги свекрви!

Не заборавајте дека вашата снаа е жената на вашиот син. Дали ви се допаѓа или не, тој ја сака и ја избрал токму неа. Критикувајќи ја ќе ги повредите неговите чувства, создавате реална опасност да ги влошите односите со својот син и да создадете лоша слика за себе како личност. Помирете се со фактот дека веќе не сте единствената жена во неговиот живот. Централното место веќе  го завзема неговата сопруга и не обидувајте се да ја тргнете од местото што и припаѓа!

Конфликтот помеѓу снаите и свекрвите се задлабочува со појавата на внуците. Основниот проблем овде е вродениот инстикт за контрола над најважните работи – грижата за семејството. За една свекрва е тешко да престане да биде родител и улогата ја префрла на внуците. За младата мајка која учи нови и непознати родителски обврски е неопходно да биде авторитетот што решава и треба да биде почитувана. Тоа е нејзино семејство и се разбира дека таа е диригентот што ќе раководи.

Првото правило за создавање нормални односи со снаата и нејзините деца е да научите да играте по нејзините правила. Респектот кон нејзиниот родителски стил е особено важен за да создадете нормална релација свекрва – снаа.

Помнете: Воздржете се да не се наметнувате и да нудите решение кога вашето мислење никој не го бара.

Децата се на прво место. Секоја од двете страни е согласна со тоа, но концепцијата понекогаш се губи во безсмислените проблеми. Децата ги совладуваат моралните вредности од родителите, бабите и дедовците. Уверете се дека вие сте пример што вашето дете треба да го следи.

За снаите:

Покажете и дека разбирате дека таа се обидува да помогне, но истовремено укажете и на разликата помеѓу помош и мешање во вашиот приватен живот. Обидете се да не го критикувате она што го прави, но уште на самиот почеток кажете и како ќе бидат поставени работите во иднина.

Write A Comment