Какво големо олеснување за сите нас модни фанатци фактот што балетанките сезонава се ултра модерни, па ќе можеме да одмориме од високите подпетици и повторно да бидеме во тренд, носејќи равни чевлички. Балетанките се универзални и добро се вклопуваат во најразлични комбинации. Почнува да се забележува најновниот тренд – заоблените врвови веќе почнуваат да се заоструваат и добиваат сосема нов фенси изглед.
Едноставно, секоја урбана девојка задолжително мора да има неколку чифта вакви чевли. Погледнете каков добар избор има, а ние само треба да го избереме моделот балетанки што одговара на нашиот стил.
























