За жал децата ја повторуваат судбината на своите родители и тоа повеќе е правило, отколку исклучок.
Малото дете не размислува самостојно и сосема се ослонува на родетилите. Тие први му покажуваат, први му објаснуваат. Поведението на родителите им покажува на децата како да се однесуваат со другите луѓе, како да постапат во критични ситуации, како да се однесуваат со спротивниот пол и др.
Постојаното повторување на родителското поведение, зборови, постапки, го програмира детето уште од лулката – како да го разбира светот, како да се бори со своите грешки и проблеми, како да победува. И да се скрши ваквата силна психолошка поставеност е речиси невозможно. Затоа често детето почнува да го живее животот на своите родители и дури не забележува, макар и да е незадоволно од нивната судбина и некои нивни постапки. Малку се луѓето кои мудро забележуваат дека го повторуваат животот на родителите и нивните грешки. А уште помалку се оние кои имаат смелост и сила да го скршат кодот на судбината и да започнат да живеат по свои закони.
Што значи дека ние, родителите ја задаваме програмата за поведението на своето дете. И колку родителите се поуспешни во личниот живот, кариерата, 99% се шансите тој успех да го наследи и детето.
Јаболкото не паѓа подалеку од дрвото, освен ако не сака поинаква судбина. Вие можете да го коригирате поведението на своето дете, коригирајќи го најпрво своето. Одговорноста е огромна! Со среќа!
