Последниот дел на филмскиот серијал „Самрак“ ќе има поинаков крај отколку во романот на Стефани Мејер, пренесуваат холивудските медиуми.
Деталите за филмот сеуште не се познати за јавноста, но актерската екипа е навистина воодушевена од поинаквиот крај на една од досега најуспешните филмски франшизи.
Новиот крај го смислиле самата авторка Мејер и сценаристката Мелиса Розенберг на една заедничка вечера, а идејата била едногласно прифатена и од целиот филм.
„Првиот пат кога го прочитав сценариото бев навистина изненаден, но мислам дека новиот крај е сосема во склад со тоа што го сработивме до сега“, изјавил Роберт Патинсон, кој го глуми вампирот Едвард Кален.
Големото финале на сагата „Самрак“ ќе доживее светска премиера на 12 ноември.
