Без разлика каде и да оди, поп дивата Бијонсе секогаш се труди на изгледа гламурозно, а доказ за тоа се и огромните златни обетки кои поп дивата ги носела на посетата на Обединетите Нации во Њујорк, каде се запознала со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.
Посетата на Бијонсе е по повод меѓународниот ден на хуманитарноста, а мора да признаеме дека изгледала навистина елегантно со прекрасно бело сако и црни пантолони, но она што навистина го привлекло вниманието се нејзините огромни златни обетки.
Бијонсе планира да сними спот за моќната балада I was here токму во салата каде што се одржува Генералното Собрание на ОН, спот кој ќе биде промовиран на 19ти август, на годишнината од бомбардирањата во Багдад во 2003 година, кога загинаа 22 лица.
