Здраво тело

Витаминот Д задолжителен за жените!

Еден од најважните витамини за човечкиот организам е витаминот Д. Бидејќи се синтетизира во телото со помош на сончевите зраци, студената сезона често води до дефицитит.

Недостатокот на витамин Д води до ослабување на имуниот систем, а при хроничен дефицитит се забавува растежот и регенерирањето на клетките. Води до предвремено слабеење и низа кожни проблеми.

Витаминот Д е уште поважен за пациенти со сериозни проблеми, а експертите откриваат дека жените болни од рак на градата имаат потреба од трајно повисоки дози од овој витамин.

Поради силната терапија во процесот на лечење на карциногени болести истанчувањето на коските е засилено.

Кај 70% од болните со рак било утврдено пониско ниво на витамин Д во крвта што како последица може да доведе до зголемен ризик од трауми на коските.

Експертите докажале дека високите дози витамин Д го зајакнуваат имунитетот кај жените, а има и полезен ефект врз коскениот систем што го прави поотпорен на трауми и оштетување од силни терапии и зрачење.

Во зима задолжително треба да конзумираме млеко, но и редовно да излегуваме на прошетка, кога времето ќе биде сончево.

Витаминот Д е особено важен за бремените жени и за правилниот раст и развој на плодот. Ефикасен е во борбата против туберколоза и псориаза.

Write A Comment