Убавина

Како да го спречите опаѓањето на косата

Преумерното губење на косата обично е резултат на генетиката, користењето на јаки шампони и честото миење,  но и стресот.

Затоа треба да направите се за да го подобрите влакното и да го зачувате квалитетот на косата.

Благи шампони – обрнете внимание на козметиката која ја користите за вашата коса. Ако веќе сте се навикнале да ја миете косата често користете благи шампони. Посоветувајте се со дерматолог ако сакате ад купите некои препарати за опаѓање на косата. Пожелно е барем еднаш неделно на косата да нанесувате маслиново масло.

Исхррана – правилната исхрана може да го ублажи опаѓањето на косата. Затоа е битно на вашето мени да се најде храна богата со витамини и минерали. Спанаќ, суво овошје, морски полодови, месо, риба, интегрален леб, какао, пиперки, печурки, маслинки се само дел од намирниците кои треба да ги консумирате. Морковите, кајсиите, доматите, зелката, квасецот, рибиното масло ќе направат многу повеќе отколку било кои други препарати.

Плакнење – по миењето некогаш исперете ја косата и со чај од камилица.

Write A Comment