ШоуБиз

Родителите на Меколи Калкин се загрижени, не знаат како да помогнат!

Таткото и маќеата велат дека нивниот син има сериозен проблем со хероинот и се многу загрижени за него.

Иако портпаролите на актерот ги демантирале наводите на медумите дека Меколи Калкин има сериозен проблем со наркотици, неговата маќеа тврди дека поранешниот дечко на Мила Кунис пати од сериозна зависност од хероин.

“Кит ги виде фотографиите, но неможе да зборува за тоа дека премногу го боли. Секако дека се грижи, многу е загрижен. Кога ги видов фотографиите знаев дека не е добро – или умира од некоја тешка болест или се дрогира. Слушнавме дека тој се негира, но очигледно е дека се дрогира. Изгледа ужасно. Нашата врата е секогаш за него отворена. Кит сеуште го сака”, изјавила маќеата на Калкин.

Меѓутоа, ниту таа ниту таткото немаат големо влијание на неговиот живот, бидејќи со спор во семејството Калкин дошло уште на крајот на деведесеттите поради контрола над неговите финансии.

Во прилог на тврдењето на неговата маќеа одат и папараци снимките на кои Калкин изгледа ужасно.

Write A Comment