Целото лето е во знак на ретро стилот, а особено популарни се pin-up фризурите.
Оваа фризура е секси, косата ќе ви изгледда бујно, а со добар мејкап и гардероба ќе заблескате и заведувате на улиците.
Оваа фризура можете лесно да ја направите на следниов начин.
Најпрво издвојте неколку прамени од косата, еден по еден. На секој од нив нанесувајте лак за коса и тапирајте ги со тенок чешел. Немора да ја истапирате целата коса, само онолку прамени колку да добиете соодветен волумен.
Потоа издвојте неколку прамени на кои ќе ставите виклери. Убаво уредете ги прамените околу лицето. На крај доколку имате шишки можете со фигаро само да ги превртите на страна.
Ставете марама или цветна платнена трака и подготвени сте да забелскате.


