Потребни намирници:
2 краставици
Сол по вкус
½ филџан бел оцет
¼ филџан ситно исецкан копар
3 лажици шеќер
½ мала лажичка пресно смелен бибер
Краставиците се сечат на тенки кругови. Посолете ги, измешајте и оставете да отстојат најмалку 15 минути.
Меѓувремено се приготвува дресингот – се мешаат оцетот, копарот и биберот и се чека шеќерот да се растопи целосно.
Поставете ги краставиците полеани со дресингот во фрижидер околу половина час. Салатата се сервира ладна.
