Облечете облека во боја на море и песок и уживајте во елеганцијата која овие бои можат да ја постигнат. Доловете ја морската свежина со вашето присуство. Ви претставуваме неколку интересни комбинации на облека која е направена од памук или лен во овие прекрасни бои.
Овие бои може да ги имате на себе и преку модните додатоци, па така еднобојните сини фустани украсете ги со накит и чевли со песок боја, или пак „песочните„ фустани или панталони разубавете ги со тирикзни модни додатоци.





