Првото нешто што треба да ни биде критериум кога ја избираме свадбената торта е целосниот концепт на самата венчавка. Тортата треба да одговара на стилот во кој сте решиле да се одвива вашата свадба. А тоа пред се е поврзано со начинот на кој е уреден просторот и декорацијата што е употребена, особено онаа на централната маса.
Ние ќе ви покажеме какви торти уживаат голема слава, а сами одлучете зошто младоженците ги посочиле овие торти како тортата што сакаат да ја имаат на сопствената венчавка. Меѓу другото и ние гласаме „за“!
















