ШоуБиз

Гери ти испадна задникот!

Поранешната членка на мега популарната женска група Spice Girls, Гери Халивел, 40, го прошета голиот задник во Лондон.

Пејачката која до сега има направено многу модни погодоци и многу грешки, овој пат им се наврати на големите модни промашувања. Таа во јавност се појавила со панталони кои имаат екстремно низок струк, па повеќе од очигледно беше дека ќе дојде до ова.

Влегувајќи во својот автомобил половина од задникот на Гери излезе на виделина.

Write A Comment