Мојата кујна

Кралски десерт

Потребни состојки за тестото:

–          400 гр брашно

–          4 јајца

–          100 мл млеко

–          Малку сол

Потребни состојки за филот:

–          250 гр младо несолено сирење

–          100 гр малини

–          50 гр шеќер

За кремот:

–          7 жолчки

–          1 јајце

–          150 гр шеќер

–          2 кесички ванилин шеќер

–          500 мл слатка павлака

–          50 гр малини

–          Прелив од малини

Подготовка:

Од брашното, млекото, јајцата и солта измесете тесто. Оставете го малку да отстои. Расукајте го на побрашнета површина. Исечете го тестото на коцки и полнете го со филот. Соберете ги краевите и пристиснете ги со вилушка.

Филот подгответе го така што пенесто ќе го изматете сирењето, шеќерот и ќе ги додадете малините.

Вака подготвените коцки ставете ги во вода да се варат.

За кремот: изматете ги жолчките, јајцето, шеќерот и ванилата. Смесата варете ја на пареа со непрекинато мешање. Кремот измешајте го со добро изматената слатка павлака. Исцедените коцки прелијте ги со кремот, па одозгора ставете прелив од малини и декорирајте со неколку малини.

Write A Comment