Овој прекрасен мал хотел е дел од популарната верига хотели наречени „Small Luxury Hotels of the World“ и се наоѓа на Сејшелите, во срцето на Индискиот океан.
Островот се одликува со унакатна флора и фауна, недопрена од човечка рака. Резортот е специјализиран за поинаков стил на одмор, со вклучена спа програма за целосно опуштање на телото и духот. Објектот е изолиран од останатиот свет со бујна вегетација каде владее длабок мир и максимално задоволување на сетилата од прекрасниот чист воздух, вода и сонце.














