Кратка и едноставна легенда но исполнета со многу мудрост и длабока содржина. Оној чие срце почувствувало ќе разбере…
* Одејќи по својот пат, младото момче среќава прекрасна девојка и почнува да оди по неа во продолжение на километар, два. Накрај таа се свртела и прашала:
– Зошто ме следиш?
А тој возбудено објаснал:
– Зошто никогаш не сум видел нешто попрекрасно од тебе и ти ме магепса. Се вљубив во тебе уште првиот миг кога те здогледав…Биди моја! Ти си вистинската! Единствената!
Девојката само се насмевнала и одговорила:
– Така мислиш и зборуваш бидејќи сеуште не си ја видел мојата помала сестра. Треба само да се свртиш и ќе ја видиш неа, многу поубава и помлада од мене.
Убавото момче веднаш ја свртело главата очекувајќи да види совршена девојка но пред неговите очи се појавила сосема обична девојка, какви што имало многу по неговиот пат…
– Каква шега е ова? Зошто ме излажа? – Прашал тој.
– Ти исто така ме излажа! Штом јас сум вистинската, единствената и си вљубен, зошто се сврте? Што очекуваше да видиш?
– Љубовта е само една! Кога вистински љубиш не ти треба ништо друго! Кога љубиш имаш се што ти треба! Јас сум единствена но не за тебе…
