Само еден ден откако портпаролите на Никол Шерзингер и Луис Хамилтон соопштија дека парот се разделил, Никол е видена во прегратките на друг дечко.
Американската пејачка Никол не тагуваше долго по раскинувањето на 4-годишната врска со Формула 1 возачот Луис Хамилтон.
Според странските медиуми, Никол е наводно во романтична врска со Велшанецот Стив Џоунс, водител на шоу емислијата „Х Фактор“ каде Никол е еден од судиите.
Тие двајца тврдат дека меѓу нив нема ништо повеќе од пријателство. Џоунс изјавил дека само се грижи за Никол по раскинувањето.
– Никол беше уништена по раскинувањето со Хамилтон, а Стив ѝ беше рамо за плачење. Станаа многу блиски и почнаа да се гледаат сè почесто, – изјавил близок извор.
