Оваа девојка е „маскирана„, со шминка, фризура и облека така што многу потсетува на Ким Кардашијан, но тоа не е она. Ова е Мелиса Молинаро, девојката која „Олд Нејви„ ја ангажираше за својата рекламна кампања.
Сето тоа го привлече вниманието на семејството Кардашијан, па тие подготвија тужба вредна 20 милиони долари. Но, спорот е решен без да се активира судот така што сега и линкот од рекламата е тргнат од официјалниот youtube канал, а и фотографиите се тргнати од употреба.
