Белградската полиција добила налог за апсење на поп пејачката Наташа Беквалац. По налог на судијата Борислав Ивановиќ, од судот во Краљево, во Белградската полиција стигнал налог за приведување на Беквалац заради прекршување на сообраќаен закон. Судот издал налог за апсење бидејќи таа не се јавила на ниедно повикување од страна на судот.
Наташа направила сообраќаен прекршок со тоа што претекнувала друго возило на место каде било сигнализирано за строго забрането претекнување. Ова не е прв сообраќаен прекршок на Наташа. Ова е само уште еден во низата од 28 прекршоци оваа година. Погрешно паркирање, возење над дозволената брзина… а што е најважно таа до сега нема платено ниту една казна, а целокупниот износ е 61,214 динари.
Вообичаено за вакви прекршоци судот не издава затворска казна, но доколку таа повторно одбие да плати казна од најмалку 30.000 денари, ако не и се додадат 12 казнени поени, и ако не и се одземе возачката дозвола најмалку на 6 месеци, би можела да добие казна затвор о 30 дена.
