„Grace“ е еден мал но прекрасен резорт што најзаслужено ги носи своите 5 ѕвездички. Да почнеме најпрво од местоположбата – резортот е изграден врз огромна карпа над морскиот брег што нуди совршен поглед кон безкрајното морско синило. Освен тоа погледнете го префинетиот интериор на објектот и уредувањето на отворениот дел од комплексот што наликува на мозаик од поголеми и помали базени.


















