При изборот на мебел за детската соба, или кога се осмислува целото интериорно решение треба да се обрне внимание на неколку основни правила:
* собата мора да обезбедува максимална удобност за детето,
* материјалите од кои е изработена да бидат квалитетни, да се избегнува стакло и лесно кршливи материи,
*интериорот да биде едноставен, практичен и фунционален,
*изберете бои кои се допаѓаат на вашето дете, за да се чувствува добро.
Во денешната галерија ќе најдете исклучително добри проекти за детска соба и ќе видите како максимално и рационално е искористен просторот со што се добива повеќе слободно место во собата иако се работи за релативно мал простор во повеќето проекти. Но тоа е решено на брилијантен начин.











































