Посветено за сите оние што ја направиле истата грешка – што го дале срцето на човек што не заслужува и ја разголиле душата пред луѓе кои ја повредиле…
Многу поучен текст што ќе ни покаже како треба да го чуваме она највредното што го имаме – нашата душа!
Со гола душа…
Кај стрецот прочуен по својата мудрост дошла млада, прекрасна девојка, целата облеана во солзи.
– Што да правам? – облеана во солзи прашала. Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, никого не повредувам, се обидувам секогаш да помогнам. Но и покрај тоа што со сите сум добра и внимателна, често наместо благодарност и почит, добивам навреди и саркастична насмевка. Дури некои се однесуваат отворено непријателски кон мене. За ништо не сум виновна и се е толку неправедно и навредливо! Дајте ми совет што да правам!
Мудрецот ја погледнал со насмевка и одговорил:
– Соблечи се гола и така прошетај низ град!
– Полудевте ли? Нели во такво издание секој би ме обезчестил и кој знае што ли уште би ми направил!
– Ете гледаш ли! – се насмевнал повторно мудрецот. – да го покажеш пред светот убавото тело се срамиш.
– Зошто тогаш одиш по светот со гола душа? Твојата душа е ширум отворена како оваа врата. Секој што ќе посака влегува во твојот живот и ако ги види твоите добри страни како одраз на сопственото безобразие и порочност, тој се обидува да те навреди, оклевети или оцрни. Не секој ја има храброста да признае, дека некој е подобар од него. Несакајќи да се менува, порочниот човек војува со праведникот.
– Но што да направам? – прашала девојката.
– Да излеземе, сакам да ти ја покажам својата градина.
Надвор старецот продолжил:
– Види ги овие прекрасни цветови. Многу години се грижам за нив и ги полевам, но никогаш не сум видел како распукнува пупката од цветот, макар што после тоа се насладувам на убавината и мирисот на секое од нив. Биди како цвет, отвори го срцето и разголи ја душата пред луѓето бавно и внимателно. Види кој е достоен да биде твој пријател и кој твори добро, како се полева цвеќето со вода и кој ги кине лисјата и го гази цвеќето со нозе.
Како крај ќе се послужам со еден прекрасен библиски цитат: „Не фрлај бисери на свињите!“
