Британскиот пејач стана татко. Неговата сопруга Ејда Филд се породи и на свет ја донесе ќерката Тиадора Роуз.
Тиадора Роуз Вилијамс си го доби надимакот Теди. Таа се роди на 18-ти септември во 15:33 часот. Тешка е 3,2 кг. Бебето и мајката се чувствуваат добро.
Заради исчекување на бебето, Роби ги откажа неколкуте концерти кои му беа закажани во овој период.
Роби овие неколку месеци ќе се посвети на семејството, а потоа се враќа на големата сцена со светска турнеја со која ќе го промовира новиот албум.
