Потребни состојки:
- 500гр свежо сирење
- 5 јајца
- 5 лажици шеќер
- 300мл слатка павлака
- сок од 3-4 портокали (наместо сок може кафе или ликер по избор)
- Пишкоти
Начин на подготовка:
Изматете пет белки со пет лажици шеќер, па додадете ги едно по едно јајцата. Додадете сирење и лесно матете на најмала брзина за смесата да се изедначи. Изматете ја павлаката со шлагот и помешајте со лажица со останатиот дел од филот, машајќи од дното нагоре.
На дното на плехот ставете ред пишкоти, со лажица полека истурете сок од пртокал и нанесете половина од филот, потоа ставете нов ред пишкоти, прелијте со сок и ставете го остатокот од филот. Посипете со рендано чоколадо и оставете во фрижидер да се стегне.
