Плетена чанта! Можеби ви звучи необично, но почекајте да ги видите фотографиите подолу! Плетивото последниве неколку сезони е апсолутен хит, а ние кон тоа сакаме да додадеме и плетена чанта.
Варијантите се навистина многу, а ние за инспирација ви подготвивме богата збирка од плетени чанти.
Инструкции:
Важно е чантата откако ќе се исплете внатре да биде обложена со платно, бидејќи плетивото се растега и чантата набрзо ќе ја изгуби својата оргинална форма.
Дршките за чантата можат да бидат плетени, платнени, кожени, пластични, дрвени и слично или пак можеби да ги искористите дршките од стари чанти што повеќе не ги користите.
Ако сте љубители на плетењето овде ќе видите одлични идеи за вас. Ви посакуваме пријатна работа!


































