Речиси на сите потешко ни паѓа создавањето добра комбинација кога времето е студено поради многуте слоеви гардероба кога првенствено се грижиме да ни биде удобно и топло.
Оваа зима особено актуелни се XXL плетените груби џемпери како и масивните волнени палта и капути, кои освен што ќе ви дадат топлина се особено модерни и можете да ги комбинирате речиси со се.
Потребни ви се чизмички без висока подпетица со висина до над глуждот кои идеално се вклопуваат со плетените џемпери и волнените зимски капути и палта. Во групата на актуелните есенски парчиња се вбројуваат и дебелите зимски хеланки и хулахопки, волнените едноставни фустани како и масивните плетени шалови, марами, капи и ракавици. Високите чизми до над колена повторно се во тренд, и оние на висока платформа, како и равните.
Секако не смеме да го пропуштиме крзното, кое веќе неколку сезони владее на модната сцена, особено крзнените елеци.
Еве што нудат врвните брендови за оваа есен – зима сезона:



























1 Comment
PEDIVNO