ШоуБиз

Кејти Холмс бара нов сопруг

Актерката Кејти Холмс која во август оваа година се разведе од Том Круз, открила дека повеќе не сака да биде сама и дека е спремна да си пронајде нов сопруг, пишува Femle first. 

Нејзиниот татко, со кој глумицата од секогаш била блиска сака да и помогне во сето тоа.

Триесетичетири годишната актерка и модна креаторка својата енергија ја насочува кон својата шестгодишна ќерка Сури, која неодамна тргна во приватно училиште во Њу Јорк.

 Бракот на Кејти Холмс и Том Круз бил во распаѓање уште шест месеци пред официјалниот развод.

 Парот пред шест години се венчаше во скиентолошка церемонија во Италија. Према одлуката на судот, Круз има обврска да плаќа годишна алиментација од 400 илјади долари, се додека малечката Сури Круз не наполни 18 години.

 Звездата од холивудските филмови, Том Круз, во последните неколку недели често е фотографиран како ужива во прошетките низ Лондон.

Write A Comment