ШоуБиз

Папараците ја прашале Ким за бившиот и Кание полудел

Ким Кардашиан и Каине Вест оделе накај својот автомобил кога фоторепортерка ја прашала Ким дали знае дека и нејзиниот бивши дечко Реџи Буш е исто така во Мајами и прославува за приновата која ќе ја имаат со својата девојка.

Раперот и реалити звездата изминативе денови престојуваат во Мајами, а папараците го пратат секој нивен чекор.

Така тие додека си оделе од ресторанот во кој што вечерале, се појавила една фоторепортерка и ја прашала Ким за нејзиниот бивши дечко, тоа на Каине ни малку не му се допаднало па и ја земал камерата, додека Ким само се смеела.

Бвшиот дечко на Ким, Реџи Буш очекува дете со својата девојка и наводно дека таа вест Ким премногу ја изненадила, затоа што и таа сакала да има дете додека била со него во врска.

Write A Comment