За денес се погриживме детално да ве информираме за најновите маникир идеи за сезона есен-зима 2012/13-та година.
Она што на прв поглед паѓа во очи е темната гама бои кои дефинитивно се доминантните бои на сезоната.
Хит бои: индиго, темно виолетова, црна, темно сина, сива и актуелните комбинации: црно-бела, црно-златна, црно-сребрена и др.
Омбре ефектот е исто така доста често застапен во сите негови вариации.
Поглднете ја галеријата со новите актуелни маникир идеи за сезонава. Поголемиот дел од нив се доста едноставни па нема да ви претставува проблем да ги направите сами дома.





















































