Причината за разводот наводно се крие во пренатрупаниот распоред поради кој во последните година дена повеќе време поминувал одвоен од својата сопруга и своите синови.
Веста за крајот на бракот помеќу Расел Кроу и Даниел Спенсер прв ја објавил Sydney Morning Herald. Според австралискиот дневен печат, глумецот повеќе не живее со сопругата со која останал во пријателски односи.
Парот се венчал во 2003та година на ранчот на Расел и после тоа се преселиле во шест милиони фунти вредна вила, во отменото предградие Rose Bay во Сиднеј.
Автралиските медиум пишуваат како Даниел била мирна, скромна жена која го смирила Расел.
Иако сите сметале дека имаат цврст брак, многу останале изненадени кога пред неколку месеци Даниел била фотографирана како ужива во доцните часови со Дамјан Вајтвуд.
![jyjyu[1]](http://boza.mk/wp-content/uploads/2012/10/jyjyu1.png)
