Ако се прашувате која е најактуелната фризура во моментот, тогаш без сомнеж изборот се сведува на апсолутниот шампион – фризурите со омбре ефект.
Голем дел од ѕвездите во Холивуд избраа да ја носат токму оваа фризура на важните настани и секако фризура што освен помеѓу славните ја среќаваме масивно на модните ревии и рубриките посветени на женската убавина и најновите тенденции во областа.
Омбре претставува постепено исветлување на долниот дел од косата што е добро затоа што нема потреба да ги боите корените воопшто.




















