Ѕвездата од „Хари Потер“ Даниел Радклиф официјално веќе не е во врска со актерката Роузи Кокер.
Се зборуваше и дека се стигнало до понуда за брак но и покрај тоа пламенот на нивната љубов веќе згаснал.
Веста беше потврдена и од таткото на Роузи кој открива дека неговата ќерка е надвор од државата и се обидува да продолжи напред. „Роузи не сака да разговара за тоа“, објаснува тој и споделил дека не ја знае причината за распаѓањето на врската.
И покрај тоа според гласините причината се крие во тајната афера на Радклиф со непозната бринета. Во текот на летото британскиот актер беше виден со мистериозната девојка. Во медиумите веднаш се распространи веста дека Даниел ја заменил својата девојка или пак се работи за неверство.


