Сосема наскоро не очекува многу студено време. Затоа нашата зимска гардероба треба да исполнува неколку основни услови – да биде удобна, топла и урбана.
Не ви препорачуваме да избирате бои само од темната палета, иако тие преовладуваат на пазарот. Има широк спектар на бои кои се прилагодливи за зимската сезона и кои ќе направат да изгледате софистицирано и урбано.
Наш предлог е да ги изберете следните бои за сезонава: сите нијанси на топлата, земјена кафејава боја, сите нијанси на кремавата, светло сивите тонови, млечно бело, вино боја, виолетова, и сл. Нека не биде се црно-сиво, изгледа монотоно и обично.
Во однос на текстурите нека преовладуваат плетени парчиња гардероба и волнени палта и капути.
Еве што избравме да ви понудиме за оваа есен-зима 2012/13:




































































