Има такви грешки кои ги правиш ти самата, без ничија помош. Како љубопитно дете се залетуваш за да видиш што ќе се случи. И колку повеќе правиш такви безумни глупости, толку посреќна ќе станеш. Дури и ако треба да си платиш за грешката…Не верувате?
Пет нешта што можеш да си ги кажеш само ти и пет факти кои ќе ти докажат дека грешката ни е потребна во животот:
На секое наредно ниво не издигаат имено грешките, а не успесите!
Оваа фраза припаѓа на големата актерка Сузан Сарандон. Во интервјуто таа не убедува „да грешиме колку можеме повеќе и да се движиме напред, зошто точно тоа е животот“ Еве пет волшебни правила, кои ќе ти помогнат да го надминеш стравот од грешки и да се почуствуваш посреќна:
- Колку повеќе грешам, толку помалку се плашам!
Кога одиш за прв пат на заболекар, ти буквално трепериш од страв, а веќе петтиот пат си опуштена и дури слатко дремеш на столот. Со грешките е исто така…
- Мојата грешка е мојот учител!
Таа ти помага да стекнеш искуство. Падовите се неизбежни. Важно е како се однесуваш кон падот, какви изводи правиш од тоа и како ќе ги искористиш во животот подоцна.
- Ако за да успеам треба и да грешам – спремна сум!
Не греши само оној кој ништо и не прави. За да го откриеш правилниот метод, треба да испробаш куп други. Точно тоа се нарекува пат кон успехот!
- Ќе бидам сакана дури и ако згрешам!
Грешките на никого не му попречиле за да се допадне на околината. Дури обратното – претераниот светец и Богу не е драг…Освен тоа треба да знаете дека оној што ве сака ќе ве прифати со сите ваши позитивни и негативни страни…
- Мојата грешка не е крајот на светот!
Смело и продолжувај напред!
Тоа се проби, а не гешки! Томас Едисон испробал 10 000 материјали за жичката на електричната сијалица. Кога го прашале како имал сила да продолжи да работи после толку многу грешки, тој се зачудил и одговорил: „Тоа не се грешки – тоа е елиминирање на непотребните елементи.“
