Слабите и кршливи нокти се чест проблем, но со овој едноставен совет ќе им помогнете на своите нокти да бидат здрави и цврсти. Стручните лица го препорачуваат овој ефикасен рецепт за зајакнување на ноктите, кој помага по неколку третмани.
Наједноставниот начин да ги зајакнете ноктите во домашни услови е десетминутен третман со морска сол.
За овој третман потребно ви е 200мл топла вода, 2 лажици морска сол, кришка лимон и неколку капки маслиново масло.
Во мал сад растворете ја солта. Спуштете ги врвовите од прстите во купката и држете ги 10 минути. Потоа, истријте ги ноктите со лимонот и оставете ги така 5 минути.
По 5 минути измијте ги рацете со топла вода и втриете на ноктите маслиново масло.
Третманот повторувајте го секој или секој втор ден во текот на 2 до 3 недели и резултатите ќе бидат видливи. Ќе имате цврсти и здрави нокти, кои нема повеќе да пукаат.
