Убавина

“Арапски очи”

Веќе споменавме за арапската шминка т.е “арапски очи”. Сега ќе ви презентираме како се изведува. Со помош на неколку фотографии ќе ви овозможиме да научите и вие да се шминкате како професионалец.

Најпрво ставете течна пудра во дебел слој. Најдобро е прво пудрата да ја ставите на прстите и со триење да ја стоплите, па потоа да ја нанесете на лицето. Ставете секаде подеднакво. Потоа ставете сенка за очи во боја на кожата како подлога.

Потоа нанесете дебел слој лилакова седефаста сенка за очи.

Со истата четка нанесете розова сенка за очи на половина од капакот.

Од сенките што ги имате на окото со четка или прст размачкајте нагоре.

Црна сенка нанесете внимателно на пределот од капакот кој се преклопува.

Потоа со црната сенка поминете и по долната линија на окото

Од светло розовата сенка нанесете и на долниот дел од окото, поточно на почетокот на окото.

Следува нанесување на туш. Бидете внимателни да го нанесете во тенка права линија која ќе ја прати линијата на трепките, завршувајќи со извлекување нагоре, за да ги искосите очите.

Светло крем сенка нанесете на линијата под веѓите, како би ги истакнале.

Потоа нанесете маскара, во дебел слој.

Потоа залепете ги вештачките трепки внимателно.

Потоа нанесете розово руменило на образите и на челото.

За крај ставете сјај за усни.

 

Напиши коментар