Celebrity

„Ганси“ пак заедно?!

Единствениот член на оригиналната екипа, кој сега го предводи својот „Guns’n’Roses“ бенд, открива зошто веќе неколку години е во кавга со гитаристот.

–          Слеш и јас не се сложуваме уште од првиот ден. Кога ме запозна, слушавме една моја снимка. Ја извади мојата касета и ја стави неговата, ја пушти и ми рече: „Сакам да дојдеш во мојот бенд“. А јас не сакав да одам во друг бенд, сакав свој. И од првиот ден, нашиот однос остана ист и до ден-денес, – открива Ексл Роуз.

Тој додава дека доколку бендот стане дел од Рокенрол куќата на славните, на своите фанови им должи да отсвири неколку песни со оригиналните членови.

–          Знам дека тоа многу ќе има значи на сите фанови и не сакам да им го одземам тоа задоволство, – заклучува Ексл.

Ексл е во незгодни односи и со тапанарот Стивен Адлер и ритам гитаристот Изи Стредлин. Сепак, признава дека големи се шансите бендот да се собере на едно место.

Write A Comment