Sweet Home

„Позеленете“ го домот

Секој од нас може да направи неколку ситници и да помогне во глобалното

штедење на енергијата и ресурсите и заштитата на животната средина. Еве десет инвентивни и едноставни начини на кои можете да си го озелените домот.

Една светла идеја

Една мала работа за дома, а голема за планетата. Заменете ги обичните со штедливи светилки. Иако цената изгледа повисока, штедливите светилки навистина трошат многу помалку – 75% помалку, и траат 10 пати подолго од обичните. Заменување на 17 обични со штедливи светилки, е еквивалентно на отстранување на еден автомобил од употреба.

 

Гледање ѕвезди

Просечно домаќинство годишно произведува два пати повеќе јаглероден диоксид одошто просечен автомобил. Употребувајте апарати за домаќинство кои имаат обележано „енергетска ѕвезда“ – штедат енергија и се подобри за околината, разликата ќе ја почувствувате со сметката за струја.

 

Хартија наместо пластика

Пластиката од која се прават најголем број пластични – најлонски кеси не е биоразградлива и може да нè надживее речиси за цел милениум. Следен пат кога  ќе одите до продавница, побарајте хартиена кеса или земете си платнена торба од дома.

 

Помалку весници

Уништувањето на шумите е одговорно за 25% од сите емисии на јаглерод диоксид кој се испушта во атмосферата – 34 милиони хектари шума се уништуваат секоја година. Најголем дел од дрвото се употребува за правење на хартија, најчесто за весници и списанија. Не мора секој ден да се купуваат по три различни весници, кога сите тие ги има и во електронска форма. И секако, не ја фрлајте или горете старата хартија – има собирни центри од каде хартијата се носи на рециклирање.

 

Помалку километри

Увозната храна патува илјадници километри пред да стигне на нашите пазари. Можеме да ги намалиме вкупните емисии на јаглерод диоксид и други штетни гасови со купување на локално произведена храна. И плус, многу е посвежа.

 

Рециклирање, повторна употреба, намалување

Ние консумираме повеќе ресурси одошто планетата може да надополни. Значи подобро е за сите нас да го намалиме личното консумирање на ресурсите, и подобро за околината е повеќекратната употреба на многу ресурси. Исто така рециклирањето на многу производи е многу полесно и побарува помалку енергија.

 

Исклучете се од мрежата

Целете кон чиста, обновлива енергија која може да се најде кај нас. Ветер, хидроенергија, соларна, геотермална – тоа се неисцрпливи, обновливи и зелени извори кон кои треба сите да целиме.

 

Исклучете ги енергетските вампири

Едноставни апарати по дома кои трошат многу повеќе енергија иако не работат. Не ги оставајте апаратите на стенд бај – телевизор, ДВД, тостер, кафемат, полнач за телефон… сите овие се гладни енергетски вампири.

 

Префрлете се на природна база

Средствата за чистење се во основа силни хемикалии за кои е потребно многу енергија и ресурси при производство. Покрај ова, тие се штетни по здравјето, а содржат и многу полутанти. Но, по дома секој ги има основните средства за чистење и дезинфекција – на многу природна база.

 

Изградете го домот зелено

Дрвата се закон. Тие апсорбираат јаглероден диоксид, спречуваат ерозија и даваат живеалишта за различни растенија и животни. Изберете мебел од еколошки чисти материјали, кога е можно купете и стар мебел, и секако купувајте класичен и издржлив мебел – идејата е да се намали отпадот а не да се зголемува додавањето на нови отпадни материјали. И ако некој мебел не ви одговара, секогаш можете да го понудите на продажба на старо – нема да го фрлате и можеби ќе „излезат пари за едно кафе“!

 

 

 

Напиши коментар