Motherhood

„Заедно да излеземе од мракот на насилството“

Промовирана третата и последна фаза од медиумската кампања за борба против семејното насилството, „Заедно да излеземе од мракот на насилството!“ која се имплементира во рамките на заедничката програма на пет агенции на Обединетите нации и во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Постојаниот координатор на Обединетите нации  во Македонија, Диадра Бојд смета дека во земјава е направен голем напредок на полето на развивање на свеста за проблемот со семејното насилство, превенцијата и помошта на жртвите и заедно со заменик Амбасадорот на Кралството Холандија, Херт Кампман упатија порака на заедништво во спротивставување на оваа како што ја нарекоа заразна болест. Владата во 2008 година ја усвои „Националната стратегија за заштита од семејно насилство“ со која се обврза да ја зголеми свесноста кај населението, но и да ги подобри услугите за помош на жртвите на семејно насилство. Оваа стратегија е основата на заедничката програма на ОН и Министерството за труд и социјална политика која се имплементира веќе три години.

Извадоци од законот за семејно насилство на Р. М.:

Видови на семејно насилство:

• Физичко/телесно злоупотребување

• Психичко злоупотребување

• Сексуално злоупотребување

• Економско злоупотребување

Според нашиот закон ова е семејно насилство:

• ве влече за коса

• ве штипе

• ве гризе

• ве турка

• ви удира шлаканици

• ве удира со раце, нозе или предмети

• ве вознемирува на работно место, училиште,улица

• ве нарекува со навредливи имиња

• ве прави да се чувствувате виновна/ен

• ве напаѓа ако не ги извршите домашните обврски според нивната волја

• го контролира вашето движење и вашиот живот,

• не ви дозволува да излезете, да се видите со роднини и пријатели, итн.

• ви се заканува дека ќе посегне по вашиот телесен и духовен интегритет

• ви скратува од сонот и храната

• манипулира со децата за да ве уцени

• ве навредува дома, пред пријатели и роднини и во јавност

• ве принудува на извршување на сексуален акт против ваша волја

• силување

• ви ги зема вашите пари

• не ви дозволува да работите вон домот

• не ве информира ни консултира за важни

• финансиски одлуки во семејството

• ви нанесува повреди од различен вид на оружје, горење или попарување

Карактеристики на силни, здрави семејства

Силните, здрави семејства создаваат чувство на добробит во рамките на семејството и во секој член на семејството. Добробитот се состои од физичкото, менталното, емоционалното и социјалното здравје на поединецот. Силните, здрави семејства се подржуваат и охрабруваат меѓу себе за да бидат оптимистички, надежни и да истраат заедно за да успеат како поединци и како семејства. Во силните, среќни семејства секој има право да се чувствува безбеден, комфорен, среќен и сакан. Родителите имаат одговорност да обезбедат соодветен пример за нивните деца и средина во која тие ќе растат.

„Family Strengths Research Project“ идентификува осум јаки страни кои силните, среќни семејства во светот ги имаат заедничко. Тие се:

 

Комуникација:

Силните, среќни семејства ја ценат отворената, двонасочна комуникација. Тоа значи, родителите и децата дозволуваат секој да ислуша секого како и можноста да зборува. Силните, среќни семејства создаваат можности за целото семејство да учествува во дискусиите за секојдневните работи како и можностите да се дискутира за проблеми.

 

Заедништво:

Заедништвото создава “лепак” за семејствата да развијат чувство на припадност. Заедништвото значи споделување на слични вредности, верувања и морал. Децата се гледаат како важни членови од семејството кои имаат силно чувство на припадност кон семејството. Силното, среќно семејство се држи заедно низ патеката на животот.

 

Споделување на активности:

Силните, среќни семејства споделуваат и прават работи заедно. Тоа може да биде спорт, игри, читање приказни, минување време заедно, споделување на интереси и одмори. Како децата растат потребно е покреативно размислување за да се одржуваат вклучени во семејните активности. Тоа може да биде покана до пријателите на постарите деца да се приклучат на семејните активности и создавање на куќа на “пријателски млади луѓе” каде пријателите на децата се охрабруваат да доаѓаат.

Приврзаност:

Приврзаноста се покажува преку искрено споделување на чувствата преку гушкање, галење и бакнежи. Силните, среќни семејства си кажуваат како се чувствуваат, ги почитуваат чувствата на другите и покажуваат грижа, загриженост, почитување и интерес еден во друг.

 

Поддршка:

Секој член на силно, среќно семејство знае дека членовите на семејството секогаш ќе бидат подготвени да му помогнат и ќе бидат заинтересирани за него. Во едно силно, среќно семејство во ред е да се побара помош и подршка.

 

Прифаќање:

Членовите на силно, среќно семејство покажуваат почитување и ги ценат разликите со другите. Натпреварувањето се обесхрабрува и членовите на семејството ја признаваат и ценат посебноста на другите, ги почитуваат туѓите мислења, си простуваат меѓу себе и им даваат на другите простор.

 

Определеност:

Силните, среќни семејства се определени и верни едни на други и на семејството како целина. Силните, среќни семејства се чувствуваат безбедно и сигурно еден со друг, си веруваат еден на друг и ги одржуваат ветувањата.

 

Издржливост:

Силните, среќни семејства ја имаат способноста да се прилагодуваат на променетите околности и имаат позитивен пристап кон било кој предизвик кој се јавува. Силните, среќни семејства разговараат за работите, ги одржуваат надежите на другите, се држат во време на криза, учејќи како семејство во од.

Во силните, среќни семејства односите помеѓу возрасните и децата се подржувачки, љубезни и праведни, каде децата имаат силно чувство на важност и припадност.

 

Напиши коментар