Prison brake

10 Авионски нереќи кои ја сменија историјата и иднината на авијацијата! – I дел

Судири во воздух, пожари за време на летот, ненадејни проблеми со трупот на авионот додека се наоѓа на висока надморска височина – овие трагедии на крајот резултирале со подобрување на технологијата и зголемување на безбедноста во воздушниот сообраќај.

Воздухопловниот сообраќај е неверојатно безбеден: во последните пет години во САД е забележана само една фатална несреќа во однос на бројот на секојдневните летови – повеќе од 30.000 авиони полетување секој ден. Како летањето стана толку сигурно? Всушност дел од “заслугата“ за ваквата огормна безбедност, лежи во несреќите кои се случиле во минатото, а луѓето успеале да извлечат поука од тоа.

Прочитајте ги 10-те авионски несреќи кои придонесоа да се зголемат и подобрат воздухопловните стандарди.

Надоградување: Елиминирање на електричните искри

Тоа претставуваше ноќен кошмар на секого: авион што експлодира во воздух без некоја посебна причина. Во експлозијата на TWA летот 800, авионот 747 Боинг кој штотуку полета од ЏФК за Париз, загинаа сите 230 патници и предизвика голема контроверзност. Откако внимателно беа составени остатоците, во Националниот борд за безбедност на транспортот ја отфрлија можноста за терористички или ракетен напад и заклучија дека испарувањата на гасовите кои биле во близина на резервоарот за гориво резултирале со пожар или краток спој на жиците во сензорот за мерење на горивото довело до електрична искра која предизвикала пожар.

Оттогаш Федералните Воздухопловни Власти, направија промени со цел да ги намалат искрите од неисправната инсталација и од други извори. Боинг, пак, има развиен пасивен систем за гориво кој инјектира азотен гас во резервоарите за гориво за да ја намали можноста од експлозии. Овие системи се вградуваат во сите нови авиони, почнувајќи од 2008 година.

Напиши коментар