Prison brake

10 Авионски нереќи кои ја сменија историјата и иднината на авијацијата! – II дел

Промена во моторите

Летот United Airlines Flight 232 беше закажан од Меѓународниот аеродром Стејплтон во Денвер, Колорадо, до Меѓународниот аеродром О’Хара во Чикаго, Илиноис, со тоа што требаше да продолжи до Меѓународниот аеродром Филаделфија во Филаделфија, Пенсилванија. На 19 јули 1989 година, Douglas DC-10 (Регистрација N1819U) претрпе необјаснив дефект на моторот со број 2. Моторот исфрли шрапнели, кои со огромна брзина навлегоа во сите три хидраулични линии на хидрауличните системи на авионот.

Хидрауличните течности од секој систем брзо протекоа од авионот, поради што екипажот беше онеспособен за контролирање на летот. Авионот принудно слета на пистата во Сиоух Сити, Ајова, при што загинаа 111 од 285 патници и еден од 11 членови на екипажот.

Напиши коментар