Prison brake

10 Авионски нереќи кои ја сменија историјата и иднината на авијацијата! – III дел

Надградба: Превенција од пожари

Иако Федералните Воздухопловни Власти презедоа мерки за спречување на пожар во авионската кабина по авионската несреќа во 1983 година на Air Canada, сепак не презедоа ништо за заштита товарниот дел иако Националниот борд за безбедност во транспортот упати предупредување откако во 1988 година откако се случи пожар во товарниот дел и авионот принудно слета. Оваа несреќа се случи на авионот ValuJet 592 во Еверглејд во близина на Мајами и конечно после тоа без преземени мерки.

Пожарот во DC-9 бил предизвикан од хемискиот кислород во генераторот кои биле нелегално спакувани од SabreTech, од страна на компанијата која била ангажирана за одржување на авионите во авиокомпанијата. Се претпоставува дека еден од генераторите напукал, а тоа всушност резултирало со оган кој дополнително бил разгорен од кислородот. Пилотите не беа во можност да го приземјат авионот на време, при што загинаа 110 патници. После овој случај Воздухопловни Власти презедоа мерки, во сите комерцијални авион во товарниот дел беа инсталирани детектори и автоматски противпожарни апарати.

Напиши коментар