Prison brake

10 Авионски нереќи кои ја сменија историјата и иднината на авијацијата! – V дел

1998 година, Нова Шкотска, SWISSAIR FLIGHT 111

Надградба: Промена на изолацијата на трупот на авионот

Околу еден час по полетувањето, пилотите на лет Swissair Flight 111 од Њујорк за Женева – во авионот McDonnell Douglas MD-11, почувствувале мирис на чад во пилотската кабина. Четири минути подоцна, тие веднаш го пренасочија летот кон аеродромот во Халифакс, Нова Шкотска, на околу 65 милји оддалеченост. Но, брзото ширење на оганот резултирало со откажување на светлата во кокпитот и инструментите поради што дошло до урнување на авионот во Атлантикот околу 5 милји пред брегот на Нова Шкотска. Сите 229 патници починаа.

После авионската несреќа следуваше истрага на причината за уривањето на авионот. Според истрагата, оганот во авионот бил резултат на проблеми во инсталацијата односно на Каптон жиците во пилотската кабина. Пожарот започнал да се шири брзо поради несоодветната изолација на трупот на авионот. После оваа несреќа Федералните Воздухопловни Власти наредија Миларовата изолација да се замени со огноотпорен материјал во сите 700 McDonnell Douglas авиони.

http://www.youtube.com/watch?v=AWl1-wHCpdQ

Write A Comment