Убавина

10 Beauty трикови кои ги практикува Кејт Мос

Овие десет работи се дел од секојдневието на Кејт Мос. Можеби ќе може и вие нешто од ова да практикувате.

  1. Црвен кармин. Можеби не преку ден, но Кејт навечер не излегува без црвен кармин.
  2. Кармин со нежни нијанси. Преку ден Кејт не излегува без кармин со боја приближно блиска на устата. Навечер користи и кармин во потемна боја.
  3. Моливче за очи наместо туш. Кејт смета дека природен изглед се добива со моливчето за очи. Со него е полесно да се поправат грешките, а е одличен за добивање на ефектот smokey eyes.
  4. Само природно. Стилистките користат и моливче за уста, но таа никогаш не го практикува. Вели дека со кармин се добива поприроден изглед.
  5. Руменило. За да изгледате поубаво, најпрво нанесете ја пудрата, а потоа руменилото.
  6. Без сјај ве молам! Кејт вели апсолутно “не” на сјајот за усни.
  7. Виткање на трепките! За густи трепки пред се треба да ги извиткате, пред да ја ставите маскарата.
  8. Никогаш не ги фрлајте старите работи! Јас никогаш ништо не фрлам. Од каде да знам, може утре нема повеќе да ги произведуваат, вели Кејт.
  9. Без фактор 50 никаде! Ова е основно правило доколку се грижите за вашата кожа.
  10. Никако претемен тен! Не претерувајте со сончањето, изгледа смешно.

Напиши коментар