Експериментите врз луѓе и истражувачката етика со тек на време еволуираат. Во некои случаи, луѓето кои учествувале во експерименти биле затвореници, робови или членови на нивните семејства. Во екстремни случаи, имало и доктори кои ги изведуваат експериментите врз себе кога не можат да си дозволат да ги ризикуваат животите на другите. Ова експериментирање е познато под називот само-експеримент. Ви ја прикажуваме листата на 10-те најсурови и најнеморални експерименти изведени врз луѓе.
10. Експериментот Стенфорд затвор

Овој експеримент бил психолошка студија за тоа како реагираат луѓето кога се во затвор и каков е ефектот врз нивното однесување кон властите во затворот и кон другите затвореници. Експериментот е изведен во 1971 година од страна на тим експерти предводени од психологот Филип Зимбардо од универзитетот Стенфорд. Сеуште недипломирани студенти волонтирале да бидат стражари и затвореници. Ианку, волонтерите се наоѓале затворени во подрумот на зградата од одделот психологија на универзитетот.
Студентите брзо се адаптирале на улогите, а тоа полека довело да опасни ситуации кои предизвикале психолошки пореметувања. Една третина од стражарите развиле садистичко однесување, а повеќето затвореници биле емотивно трауматизирани. Двајца волонтери морале да бидат отстранети од експериментот уште пред тој да заврши. На крај, Зимбардо решил експериментот да биде прекинат, поради насилството и антисоцијалното однесување на волонтерите.
9. Монструозната студија

Во оваа студија учествувале 22 сирачиња од Давенпорт, Ајова и тоа во 1939 година. Експериментот го предводел Вендел Џонсон од универзитетот во Ајова, а се однесувал на пелтечењето. Мери Тудор, студент на Вендел го извршила експериментот, а тој ја надгледувал. Откако ги ставиле децата под контрола и ги распределиле во експериментални групи, половина од децата Тудор ги третирала со позитивна терапија. Постојано ја фалела течноста на нивниот говор. На другата половина од децата им велела дека пелтечат и цело време ги потценувала и ги исмејувала.
Повеќето од децата кои нормално говореле, а примиле негативен третман во експериментот, почнале да зборуваат со потешкотии и тоа имало психолошки ефект на несигурност во говорењето во текот на целиот нивен живот. Експериментот е чуван во тајност со цел да се зачува репутацијата на Џонсон. Во 2001 година, универзитетот од Ајова јавно се извинил за чудовишната студија со цел да се докаже некоја теорија.
