Prison brake

10 Најлуди експерименти на луѓе! Монструми насекаде и одсекогаш! II дел

8. Проект 4.1

Проект 4.1 е називот на една медицинска студија спроведена во САД врз жителите на Маршалските Острови кои беа изложени на радиоактивната прашина од нуклеарниот тест „Castle Bravo“ на атолот Бикини на 1-ви Март 1954 година.

Во првата декада по тестирањето, ефектите биле двосмислени и статистички тешки да се поврзат со изложеноста на радиоактивноста. Во првите пет години по несреќата двојно се зголемил бројот на спонтани абортуси и мртви новороденчиња, а потоа сè се вратило во нормала. Кај децата се појавувале само проблеми во развојот и нарушен раст, но без никаква шема. Во декадите што следеле, ефектите биле неоспорни. Сè повеќе деца почнале да страдаат од рак на тироидната жлезда, а третина од изложените деца на радиоактивност развиле неоплазма до 1974 година.

Очигледно е дека овој проект послужил само како радиоактивен експеримент во кој жителите на Маршалите биле искористени како заморчиња.

7. Проект МКУЛТРА

Овој проект е всушност кодирано име за едно истражување на ЦИА за контрола на умот. Истражувањето го спровела Канцеларијата за научна интелигенција, а траело од раните 1950-ти до крајот на 1960-тите. Има многу објавени докази дека во проектот скришно се користеле разни дроги, како и други методологии со цел да се манипулира индивидуалната ментална состојба и да се влијае врз функционирањето на мозокот.

За време на експериментите им се давало ЛСД на вработените во ЦИА, на воениот персонал, на докторите, на други владини агенти, на проститутки, на ментално болни пациенти и на обични луѓе со цел да се простудираат нивните реакции. Дрогите биле ставани без знаење и одобрување на луѓето, а тоа ги крши основните права и слободи на човекот.

Регрутирањето луѓе било често нелегално. Еднаш биле договорени неколку бордели за да се одберат мажи кои би биле презасрамени за да зборуваат за целата работа во јавност. Им била давана дрога во борделите и биле снимани за подоцна материјалот да се гледа и студира.

Во 1973 година, директорот на ЦИА наредил цела документација поврзана со овој проект да биде уништена. Поради тоа, невозможно е да се истражи ова нелегално и монструозно истражување.

Напиши коментар