Prison brake

10 Најлуди експерименти на луѓе! Монструми насекаде и одсекогаш! IV дел

4. Отровната лабораторија на Советите

Оваа советска лабораторија била именувана и како „Комората“, а се користела од тајните полициски агенции во СССР за скришни истражувања. Советите тука тестирале повеќе смртоносни отрови врз затворениците од затворот Гулаж. Целта на експериментите била да се пронајде отров без вкус и без мирис, кој не може да се открие во телото на жртвите после смртта. Отровите им се давале на жртвите со храната и со пиењето, како „лекови“.

По подолг период, се пронашла саканата хемикалија и била наречена Це-2. Според некои сведоци, жртвите се менувале физички, се смалувале, брзо слабееле, станувале мирни и повлечени, при што за 15 минути биле мртви. Маирановски носел луѓе од секаков профил во лабораторијата со цел да има покомплетна слика за делувањето на секој отров.

Тој и лично убивал луѓе со отров, под супервизија на Павел Судоплатов.

3.Тускаге истражувањето за сифилис

Ова клиничко истражување било спроведено меѓу 1932 и 1972 година во Тускаге, Алабама. Во проектот, на 399 (плус една контролна група од 201 човек без сифилис) сиромашни и претежно неписмени Афроамериканци им бил забранет третман против сифилис.

Истражувањето станало познато бидејќи на пациентите не им се давала никаква терапија, а тоа било голем пресврт во третманот на болни луѓе во тоа време. Луѓето, дел од проектот, не знаеле што им се случува, бидејќи никој не им ја кажувал дијагнозата. Им велеле дека имаат „лоша крв“ и дека ќе примат бесплатен медицински третман, превоз до болницата и осигурување во случај на смрт .

Како примарна цел на студијата било да се открие дали пациентите на кои не им се дава терапија побрзо ќе оздрават од оние на кои им се дава, бидејќи во тоа време лекот против сифилис не бил многу развиен и бил токсичен. Пациентите биле искористувани со помош на пласибо ефектот на давање лажен лек, при што докторите го набљудувале фаталниот развој на оваа болест.

При крајот на истражувањето, само 74 од заморчињата останале живи. 28 умреле директно од сифилис, 100 од поврзани компликации, 40 жени на заболените исто така заболеле, а 19 деца биле родени со вроден сифилис.

Напиши коментар