Prison brake

10 Најлуди експерименти на луѓе! Монструми насекаде и одсекогаш! V дел

2. Единица 731

Овој проект бил спроведен како тајно биолошко и хемиско истражување на империјалната јапонска армија која почнала да прави смртоносни човечки експерименти за време на Втората Сино-јапонска војна (1937-1945) и за време на Втората светска војна. Проектот е виновен за едни од најпознатите воени криминали спроведени од јапонските истражувачи.

Некои од грозоморните истражувања извршени од командантот Широ Иши и неговите војници се: вивисекција на живи луѓе (вклучувајќи и бремени жени кои затруднеле од лекарите), им ампутирале екстремитети на војниците и им ги закачувале на други места по телото, на некои војници им замрзнувале одредени делови од телото, па ги гмечеле за да ја простудираат гангрената.  Им биле вбризгувани болести и вируси за да се видат ефектите. Намерно ги инфицирале со сифилис со силување, па ги студирале.

Одговорниот за сето ова никогаш не прележал ниту еден ден в затвор, а починал на 67-годишна возраст од рак на грло.

1. Експериментите на нацистите

Човечките експерименти на нацистите биле медицински истражувања врз огромен број на луѓе од страна на германските нацисти во конценртационите логори за време на Втората светска војна. Во Аушвиц, под команда на д-р Едуард Виртс, подложените жртви на експериментирање требало да им помогнат на германските војници да заздравуваат побрзо од воени повреди и да ја напреднат расната идеологија од Третиот Рајхт.

Експериментите врз деца близнаци се спроведувале за да се покажат сличностите и разликите во генетиката и да се види дали човечкото тело може да се манипулира по вештачки пат. Се работи за 1500 парови близнаци во затворите, од кои само 200 деца преживеале. Децата се чувале зад решетки и им вбризгувале разни хемикалии во очите за да видат дали ќе се смени бојата на истите. Потоа, имало случаи кога близнаците ги шиеле за да создадат споени близнаци.

Во еден друг експеримент ги ставале луѓето голи на отворено, а температурите биле под нулата. Идејата била да се пронајде начин за справување со хипотермија. Има и случаи кога на жртвите им ги врзувале крвните садови, со цел  да се предизвика состојба слична на таа после воена рана.

Напиши коментар