Prison brake

10 – те најгрозоморни убијци II – дел

3. Џефри Дамер, роден 1960 година

Дамер убил најмалку 17 мажи и момчиња во периодот од 1978 до 1991 година. Неговите убиства се ужасни и содржат канибализам, содомија, некрофилија и расчеречување. Првото убиство го извршил на 18 години кога убил еден автостопер, бидејќи сакал да си замине од неговата куќа.

Во 1988 година бил осуден поради сексуално галење едно 13-годишно девојче. По една година бил ослободен, откако го убедил судијата дека му треба терапија. Добил 5 години условна казна поради доброто однесување, но тој веднаш по ослободувањето ја продолжил својата серија убиства.

Летото 1991 година, Џефри убивал по една личност неделно, а од некои ги зачувувал черепите како сувенири. Последната жртва успеала некако да избега од домот на Џефри каде била намамена и потоа ја повикала полицијата. Кога пристигнала полицијата пронашла неколку черепи во неговиот фрижидер, а исечените делови од тела спакувани во разни кеси. Се смета дека идејата на Џефри била да создаде зомби.

Судијата го осудил на доживотна казна затвор, а обвинетиот се покајал велејќи дека и самиот си ја посакувал сопствената смрт. Починал три години подоцна, кога бил претепан до смрт од друг затвореник додека работеле во затворската вежбална.

4. Алберт Фиш, роден 1870 година

Алберт е познат и под имињата „Сивиот човек“ и „Вампирот од Бруклин“. Се смета дека е виновен за злоуптреба на околу 100 деца и бил осомничен за убиство на пет жртви. Фиш признал дека убил тројца, додека другите двајца ги прободел со нож. Бил осуден и погубен.

Еве што изјавил за убиството на една жртва:

–        Со мојот ремен го удирав сè додека не му течеше крв од секаде. Потоа му ги сечев ушите, па носот, па му ја распорив устата од крај до крај. Му ги извадив очите. Тогаш веќе беше мртов. Му го забив ножот во стомакот и ја пиев крвта од таму. Потоа му го исеков целото тело парче по парче. Некои беа поситни, а некои покрупни. Од некои делови од телото си направив каша.

Тој дури го опишува и целиот рецепт за кашата. Вели дека била вкусна и сочна.

За време на неговото судење неколку психијатри посведочиле за неговите сексуални фетиши: педофилија, урофилија, мазохизам и сл. Рентгенските снимки покажале игли во неговата карлица кои ги ставал за сексуално задоволство.

Напиши коментар