Prison brake

10 – те најгрозоморни убијци!

Овие убијци не се како обичните познати убијци; овие се едни од најужасните кои било кога биле откриени и прогласени виновни за голем број на криминали. На листава се нашле или поради бројката на извршените убиства или поради природата на убиствата.

  1. Жил де Раи, роден 1404 година

Овој француски благородник е предвесник на денешниот модерен сериски убиец. Пред да започне со убивање бил воен капетан во армијата на Јованка Орлеанка. Обвинет е за мачење, силување и убиства на стотици млади деца, главно момчиња.

Според некои пишани документи, тој ги демнел момчињата со руса коса и сини очи до дома, па ги силувал, ги мачел и ги осакатувал, а притоа ејакулирал врз нив. Со соучесниците ги собирале главите на децата и ги споредувале чија коса била најруса. Повеќето тела биле изгорени или закопани, така што точната бројка на убиени деца не се знае, но се претпоставува дека се движи од 80 до 200 деца. Жртвите биле на возраст од шест до осумнаесет години, а имало и од двата пола (девојчиња поретко).

Маршалот си имал свои помошници од кои најверен му бил Хенриет кој ги собирал децата за својот господар и бил присутен додека биле масакрирани. Жил често се капел во нивната крв и уживал гледајќи ги нивните агонии. По смртта на секое дете, маршалот тагувал и плачел, рецитирајчи молитви на колена, додека неговите слуги ја чистеле собата и ги гореле телата на убиените деца во големиот камин. Така од жртвите не останувала никаква трага, освен воздухот во собата кој мирисал на крв и смрт, а де Раи уживал во него.

  1. Ричард Трентон Чејс, роден 1950 година

Овој американски сриски убиец убил шест луѓе за време од еден месец во Калифорнија. Познат е бидејќи пиел од крвта на жртвите, па така се здобил со надимакот Вампирот од Сакраменто.  Неговите жртви се разноврсни и од сите возрасти, од двата пола. Некои од нив ги силувал, а на некои им пиел од крвта и се бањал во неа. Една од жртвите било 22-месечно бебе, на кое Ричард му ги изел внатрешните органи. Во последната куќа каде што провалил оставил отпечатоци, а тоа довело до негово апсење.

Бил обвинет за шест убиства од прв степен и осуден на смрт во гасна комора. Додека чекал да биде убиен, сите негови колеги во затворот се плашеле од него, па често го поттикнувале да изврши самоубиство. Така и се случило. Го нашол затворскиот стражар како лежи во чудна положба на креветот, а аутопсијата покажала дека се работи за самоубиство со земање преголема доза антидепресиви, кои Ричард ги собирал во текот на последните неколку недели од неговиот живот.

Убиствата најверојатно биле дел од неговата делузија дека мора да ги спречи нацистите да му ја претворат крвта во прашок и тоа со помош на некој отров.

1 Коментар

Напиши коментар